Градоначалникот на општина Аеродром со народни пари купува телефон од 100.000 денари

Градоначалникот Марин ова што го прави во Аеродром веќе не е нормално! Си купува телефон од 100000 денари, 6,7 луѓе во општината ќе потрошат 500.000 денари за телефони. Ова е објава на Фејсбук страницата Против загадување и труење на народот.
„Златко Марин и СДСМ се луксузираат со наши пари.
Телефон од 100.000 денари за градоначалникот.
Телефон од 75.000 денари за претседателот на совет!?
Во време на пандемија, која илјадници семејства останаа без работа и уште толку едвај крај со крај врзуваат, приоритет за градоначалникот е набавка на нов телефон, за 100.000 денари.
Вакво безобразно расфрлање со пари е недозволиво.
Неколку милиони денари ќе ја чини Општина Аеродром ова самоволие.
Златко, доста е!“