Градоначалникот на Прага под полициска заштита

Градоначалникот на Прага, Зденек Хриб

Градоначалникот на чешката престолнина Прага е под полициска заштита, ден откако медиум објави дека бил цел на атентат, пренесува во вторникот британскиот јавен сервис BBC.

Чешкиот весник Respekt објави дека наводно руски агент кој имал отров рицин пристигнал во земјата пред три седмици. Во написот се повикува на неименувани извори во разузнавачките служби.

Градоначалникот на Прага, Зденек Хриб, одбил за BBC да каже поради што му е одреден полициска заштита. Рекол само дека во полицијата пријавил дека забележал оти е следен во близина на неговиот дом, како и дека истото лице го видел неколкупати. Истакнал дека не може да потврди дека полициската заштита ја добил поради тоа.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кусо одговорил дека посочените медиумски написи се измислени.

Наведувањето на „руски агент“ е во конотацијата на медиумите дека неодамна прашкиот градоначалник Зденек Хриб ја поддржал одлуката да биде променето името на плоштадот пред амбасадата на Русија во Прага, и да биде именуван по починатиот руски опозиционер Борис Немцов, убиен во Москва во февраури 2015 година, за што се осудени Чечени а како мотив се наведени неговите произраелски и антимуслимански изјави.

Во април Прага ја отстрани статутата на рускиот воен херој од Втората светска војна, маршалот Иван Конев, кој учествувал во ослободувањето на тогашна Чехоскловачка од нацистичка Германија. Во Москва ваквите постапки беа оценети како антируски провокации.