Градоначалникот на скопски Центар заразен со коронавирус

32

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ  соопшти во средата дека се заразил со коронавирусот.

„И покрај заштита за целото време на пандемијата на ковид-19, резултатот од тестот кој го направив утринава, откако почувствував покачена телесна температура е позитивен. Останувам во домашна изолација и ги следам инструкциите на лекарите“, напиша тој на својот профил на Фејсбук.

Богдановиќ им порача на граѓаните да одржуваат дистанца, да носат заштитни маски и да ги почитуваат препораките на надлежните институции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.