Градоначалникот на скопски Чаир предупредува на ситуацијата со коронавирусот

82

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, апелираше до своите сограѓани за поголема грижа и трпеливост, со цел да се надмине состојбата со вирусот корона што е можно побрзо.

Рече дека сме сведоци дека ситуацијата продолжува да биде проблематична, затоа побара да се продолжи со носење маски, физичко растојание, миење и континуирана дезинфекција на рацете.

„Јас сум свесен за изгубеното трпение и желбата да се вратиме во нормала, но ризикот сепак постои и можноста за заразување од вирусот е сè уште голема. Затоа да бидеме добар пример за овој настан, а не обратно. Да се придржуваме до потребните мерки за вирусот до завршување на оваа ситуацијата“, рече Ганиу, пренесе ЛајмПрес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.