Градоначалникот на Студеничани преминува во Алијанса за Албанците?!

Неофицијално, Азем Садику, градоначалник на Студеничани, се очекува да влезе во Алијансата за Албанците.

Садику во телефонски разговор за ТВ21 ниту ја демантираше, ниту ја потврди информацијата, но рече дека без да разговарам со неговата структура во Студеничани, не можe да зборува за такво нешто.

Садику само рече дека Алијанса за Албанците многу му помогнал на локалните избори. Извори од АА за ТВ21 велат дека се во преговори и дека во рок од 2-3 дена ова прашање ќе биде затворено.