Градоначалникот на Загреб за лажната дојава за бомба: Треба да се најде таа будала

Полицијата во Загреб денеска доби дојава за две бомби во трговскиот Арена центар. Претресот во трговскиот центар се уште трае, а изјава за медиумите по тој повод даде градоначалникот Томислав Томашевиќ.

„Досега се прегледани околу половина од просториите, гаражите, кината, поголемите продавници. Луѓето кои ги оставија возилата во гаражата чекореа полека еден по еден. Едно куче го напушти објектот, друго се уште бара“, рече Томашевиќ.

Вели дека досега не е пронајдено ништо.

-Се надевам дека нема да биде пронајдена никаква експлозивна направа. Досега не е пронајдена, но според протоколот, кога станува збор за таква пријава, полицијата е должна да реагира и да направи преглед. Ако се утврди дека станува збор за лажна пријава, очекуваме таа будала која танцува но нервите на граѓаните на Загреб полицијата да ја улови и да ја приведе по закон“; рече Томашевиќ.

Тој истакна дека Загреб е безбеден град кога се гледаат безбедносните извештаи и споредбите со другите европски метрополи и не е вообичаено да доаѓаат такви извештаи за бомби.

„Луѓето се со слаби нерви, војната е во Украина, авион се урна сред град, само уште вакви  работи ни требаат“, рече Томашевиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.