Градот е во деструкција, блокадите се срам за неспособната Арсовска

Блокадите во Скопје се срам за неспособната градоначалничка Арсовска, а жртви се учениците, студентите и повозрасните луѓе кои чекаат автобус и по 2 часа, објави на својот Фејсбук профил Арбер Кадриу, граѓански активист и поранешен новинар во „Коха“.

„Ова што се случува со блокадите во Скопје е претерано и срам за неспособната градоначалничка Данела Арсовска. Градот се наоѓа во голем хаос, нефункционалност и деструкција. Меѓутоа жртви се учениците, студентите и повозрасните луѓе кои чекаат автобус и по 2 часа. Се извинувам уште еднаш на сите граѓани, затоа што верувавме дека Арсовска ќе биде квалитетен градоначалник но бевме прелажани и изманипулирани“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.