Градот Скопје донира 50 илјади евра за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција

Градоначалникот Петре Шилегов му предложи на Советот на Град Скопје да донесе одлука за донација од 3.000.000 денари за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција.

„Градот Скопје, како израз на солидарност кон настраданите од катастрофалниот земјотрес во Република Турција доделува парични помош во износ од 3.000.000,00 денари“, се вели во предлог-одлуката.

Паричните средства за донацијата се обезбедени во резервата за непредвидливи расходи во Буџетот на Град Скопје за 2020 година.

Во земјотресот од 7 степени, кој во петокот попладне ја погоди турската провинција Измир, загинаа најмалку 49 луѓе, а повредени се 896.