Градот Скопје обезбеди финансиска помош од 6 милиони денари за Турција и Сирија

Советот на град Скопје, денес донесе одлука за доделување на парична помош за погодените подрачја од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија во висина од 6 милиони денари.

Средствата ќе се уплатат преку сметката за хуманитарна помош на Црвен Крст на Македонија, а истите се обезбедуваат од ставката за непредвидени расходи на градскиот буџет.

Во текот на вчерашниот ден, градот Скопје испрати и интервентна екипа на Противпожарната единица на град Скопје за помош при спасувачката мисија во Газиантеп, а во меѓувреме сме во постојан контакт со локалните власти и стоиме на располагање за сите барања кои може да произлезат во рамки на спасувачката акција.

Градот Скопје е град на солидарност!