Градот тоне, а шефот на кабинет на мрзеливиот Шилегов и секретарот на Град Скопје рекетираат адвокати

Градот тоне, а шефот на кабинет на мрзеливиот Шилегов и секретарот на Град Скопје рекетираат адвокати. Овој мега скандал го објави адвокат кој легално добил тендер од страна на ЈП ЛајкА, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата посочува дека според сведочењето на адвокатот секретарот на Град Скопје Викторија Аврамовска Мадиќ и Никола Наумовски, шеф на кабинет на мрзеливиот Шилегов, бил рекетиран со цел да вработи лице по нивен налог.

– Скандалозно е што првите луѓе на мрзеливиот Шилегов ги користат функциите за рекет. Наумовски и Мадиќ мора да одговараат. Го повикуваме ЈО да отвори случај и да го испита нивното делување. Сето ова се случува додека градот тоне. Нема проекти, нема напредок. Не е чудно зошто Скопје стагнира, со функционери кои наместо да работат рекетираат, истакнува ВМРО-ДПМНЕ.