Градската општа болница „8 Септември“ од 27 јули ќе почне и со редовни операции

Градската општа болница „8 Септември“ од 27 јули ќе почне со редовни операции и за пациентите кои досега чекаа да бидат ставени на програма. Дневно ќе се прават по три операции за пациентите кои не се заразени од ковид-19.

Од средината на март, откако оваа болница стана Ковид центар, се правеа операции само за итните случаи.

Во ГОБ „8 септември“ практично сите одделенија беа пренаменети за пациентите со ковид-19, а сега се прават подготовки за враќање и на дел од редовната работа на болницата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.