Градските автобуси во Скопје не се гледаат од кал и прашина

Скопјани се згрозени од нечистотијата на градските автобуси со кои се возат, како од внатре, така и однадвор. Револирани граѓани споделија фотографии од валкани автобуси, и од ЈСП и од приватни фирми превозници, кои успеале да ги забележат низ улиците на градот и ги објавиле на групата Стари скопјани.

Еве дел од нивните реакции :

-За грев е фирмата. Како да нема развојни цели воопшто, а постои веќе 50 години.
– Валкани надвор, валкани внатре. Една правосмукалка после секоја тура да проаѓа само треба, ништо повеќе.

-За греота, нема вработени за перење на автобуси сите се „факултетлии“ и затоа ќе се возиме со такви.
– Автобуси обвиткани во реклами, но најважно е што сите се намачкани со кал, изгледа возниот парк нема ни капка вода за да ги измие и така со години… си возат преполни собирајќи патници како сардини во конзерва..

– Па сточен да е превозот треба да е чист. а не пак за луѓе. Очај.
– Тоа е наша чудесна Македонија, колера може да добиеш.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.