Градското дерби во финалето на кошаркарскиот Куп му припадна на МЗТ Скопје

МЗТ Скопје Аеродром ја слави десеттата титула во македонскиот кошаркарски куп, откако вечерва во фиалето го победи вечниот ривал Работнички со 77:69,

Во седмото меѓусебно финале што го играа двете најтрофејни екипи во Македонија, подобри беа популарните кошаркарите кои сега се израмнија со бројот на куп титулите со вечниот ривал, и двата клуба сега имаат по 10.

Дамјан Стојановски со 19 поени беше најефикасен кај новиот победник во македонскиот куп, а веднаш зад него беше Бојан Крстевски со 16 поени.

Кај поразениот состав и на мечот прв стрелец беше Иван Аска со 20 поени поени, пред Питис со 13.

МЗТ Скопје со победата во седмото меѓусебно финале против вечниот ривал поведе со 4:3 во мечевите за титулата во националниот куп.