Граѓаните кои имаат долгови за вода ќе може да плаќаат на рати без камата

камата

Ова е одлука која вчера ја донесе Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, за ослободување од камата на сите корисници.

Можноста да се плати овој долг е во времетраење од 90 дена.

Физички лица може да го исплатат долгот на 4, 6 или 12 рати, во зависност од висината на долгот.

Лица од социјално ранливите категории, приматели на постојана парична помош и самохраните родители кои имаат заостанат долг, ќе можат да го отплатат на повеќе рати од предвиденото.