Граѓаните на Венецуела мораат сами да спроведат демократска транзиција

Како што се наведува во заедничката декларација, транзицијата мора да се спроведе во уставни рамки и во согласност со меѓународното право „со поддршка на политичките и дипломатски средства и без никаква употреба на сила“.

Членките на Групата од Лима го повторија својот став дека граѓаните на Венецуела мораат самите да спроведат демократска транзиција.

Како што се наведува во заедничката декларација, транзицијата мора да се спроведе во уставни рамки и во согласност со меѓународното право „со поддршка на политичките и дипломатски средства и без никаква употреба на сила“.

Во Богота вчера е одржан состанок на Групата од Лима посветена на ситуацијата во Венецуела. На средбата присуствуваше и лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо, кој ја има поддршката од Вашингтон, и американскиот потпретседател Мајк Пенс.

САД вчера ја повторија поддршката за Гуаидо и соопштија дека не ја исклучуваат ниедна опција против претседателот на Венецуела.

Состанокот на Групата од Лима е закажан по порастот на тензиите и инцидентите на границата на Венецуела со Колумбија и Бразил поради хуманитарната помош за Венецуела, на што се противи Mадуро.

Групата од Лима, чии земји го поддржуваат Гуаидо за самопрогласен привремен претседател на Венецуела, минатата година ги отфрли резултатите од изборите во Венецуела според кои победи Николас Мадуро.

Во оваа група се наоѓаат 14 земји – Аргентина, Бразил, Чиле, Колумбија, Костарика, Гватемала, Хондурас, Мексико, Панама, Парагвај, Перу, Гвајана, Света Луција и Канада.