Граѓаните ослободени од поднесување годишна даночна пријава

Управата за јавни приходи ќе има за обврска самостојно да ги прибере сите податоци за остварените приходи на сите физички лица и истите компјутерски да им ги достави. Со ова, на секој граѓанин ќе му биде доделена лична лозинка преку која ќе има пристап до пријавата доставена од УЈП со цел да направи проверка на своите податоци. Ако забележи дека во пријавата не се внесени некои од остварените приходи истите ќе може сам да ги додаде.

Ова било одлучено на вчерашната седница на Владата, на која бил разгледан предлог законот за изменување и дополнување на Законот за персонален данок на доход.

Со предложените измени и дополнувања на овој закон граѓаните веќе нема да имаат обврска да поднесуваат даночна пријава. Тоа ќе го прави УЈП, а граѓаните ќе треба само да ги потврдат или корегираат информациите во пријавата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.