Граѓаните се плашат од манипулација на овој референдум

Во вечерашната емисија на „Топ Тема“ гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој ги произнесе ставовите на партијата околу референдумот.

-Ставот на партијата е јасен, изграден и го соопштивме на почетокот на кампањата. Тоа е дека сметаме дека се работи за едно надпартиско прашање на кое што не треба да ги делиме граѓаните по однос на политичка определба. И затоа сметаме дека секој граѓанин на 30-ти септември треба самиот да одлучи што ќе прави тој ден, нагласи Николоски.

При секојдневната комуникација со луѓето, впечаток на партијата е дека еден помал дел се ЗА, во етничките Македонци скоро никој затоа што, објаснува тој, директно е таму ударот и има еден силен дел кои што се против.

-Постои и едно силно движење за останување дома од најмалке две причини. А деновиве се надоврзува и трета. Првата е, традиција е кога СДСМ организира избори да тие бидат нерегуларни и граѓаните се плашат од манипулација на овој референдум. Односно се плашат дека ќе гласа на еден начин, а во записниците ќе излезат други. Втората причина е затоа што со ова прашање на некој начин се чувствуваат загрозени Македонците, дека можат да бидат надгласани. Во која смисла факт е дека договорот ги опфаќа сите, но факт е дека првострано се однесува на етничките Македонци, како таков Македонците чувствуваат дека, со сета почит, како на останатите народи кои што живеат во државата, потенцира Николоски.

Димитров во 2006 година: Уставното име е последниот столб на нашата држава

Николоски во емисијата се повика на изјавите на Димитров од минатото, во врска со спорот за името.

„Уставното име на нашата држава е последниот столб на нашата држава“ – цитат од 2006 година што рекол Димиров.

„Македонската страна избегнува да го користи терминот спор затоа што не се работи за спор туку за еднострано барање на Грција упатено до Македонија да го промени уставното име, што е преседан во сегашната теорија и практика во меѓународно право“– цитираше Николоски став на Никола Димитров искажана во 2018 година.

-Оваа 2018 година Вие лично сите нас не убедувавте на почетокот на преговорите дека уставното име нема да се менува, тоа е јануари, февруари, март оваа година. Постојат десетици изјави каде што и Вие и премиерот Заев кажувавте дека уставното име нема да се менува, потенцираше Николоски.

Потсети Николоски дека се до мај месец оваа година официјална позиција и на владата и на премиерот и на министерот беше дека нема да се смени Уставот.

-Наеднаш во мај месец дојдоа со Илинденска Македонија и кажаа дека Уставот се менува само заради Илинденска Македонија. И дека ако овој процес пропадне се враќа на двојната формула. На крај, што се случи, пропадна Илинденска Македонија како предлог, Грците излегоа после лидерската средба и ви се заблогодарија што прв пат во Македонија има Влада и премиер што се спремни да си го сменат Уставот, и после неколку недели дојде Северна, потенцираше Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира: За жал ние имаме најлош договор во историјата на спорот со Грција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.