Граѓаните сепак треба да поднесат даночна пријава за 2017-та

Од јануари 2018 година ќе започне реализацијата на проектот “е-персонален данок на доход”. Сепак дотогаш и за оваа година граѓаните ќе треба на пролет сами да поднесат даночни пријави за 2017 година на шалтерите на УЈП.

За дополнителните приходи од следната 2018 година започнува електронското спроведување на проектот за даночни пријавувања. Според министерот за финансии и директорката на УЈП, целта е да се поедностават процедурите и да се елиминираат редиците пред шалтерите.

Откако проектот ќе почне да се применува, граѓаните ќе може компјутерски да проверат каква пријава им пополнила државата, а на шалтер ќе одат само ако имаат забелешка. Проектот е финансиран од европските ИПА фондови во износ од 100.000 евра.