Граѓаните со најмногу поплаки за проблеми со мобините и туристичките патувања

да им издадат нов. Се почесто се случува потрошувачите да добијат одговор од сервисот дека производот им е механички оштетен и да им биде прекината гаранцијата, и покрај тоа што во повеќето случаи потрошувачите тврдат дека нема никакво механичко оштетување на производот.

Граѓаните се жалеле во овој период и на проблеми при сервисирање на мали кујнски производи кои, според нив, го имаат најкусиот законски рок од 6 месеци и се расипуваат уште во првите два месеца, по што следат континуирани сервисирања кои скоро секогаш траат по 30 дена.

Од Организацијата апелираат потрошувачите во вакви случаи да бараат продолжување на гарантниот рок, поради тоа што согласно Законот за заштита на потрошувачите, тој се продолжува за онолку време колку што е на сервисирање. Потрошувачите секогаш мора да бараат да им биде даден сервисен налог со точни датуми на предавање и примање на производот, што е единствен доказ за извршеното сервисирање.

Голем број поплаки од потрошувачите се пристигнати и за изработка на мебел и покуќнина, а кои се однесуваат на пречекорување на договореното време за изработка и достава на мебелот, како и неквалитетна изработка на мебелот, скриени недостатоци кои не можат да се откријат на прв поглед.

– Поради тоа што се работи за производ кој е наменет за секојдневна употреба и тежок за транспорт, поправањето на овој вид производ претставува голем проблем кај потрошувачите, особено кога тоа треба да се прави повеќе од еднаш, наведуваат од Организацијата и апелираат до потрошувачите да инсистираат на склучување писмен договор со трговецот, во кој јасно ќе бидат утврдени правата и обврските на двете договорни страни, како и роковите за