изгубен багаж при транспорт со автобус за што потоа бараат обесштетување од агенцијата или превозникот.
Пораст на поплаки е забележан за набавка на огревно дрво. Потрошувачите, според информациите на ОПМ, посочуваат дека многу тешко се доаѓа до дрва за огрев, дека на неколку места им била кажано дека не можат да им продадат дрва за огрев поради тоа што се од друга општина, одредени потрошувачи веќе имале уплатено, но со месеци чекаат да ги добијат и се сомневаат дека можеби се работи за некоја измама.
Граѓаните поплаки и на сметките за мобилна телефонија, за испорака на електрична енергија, топлинска енергија, вода, смет. Голем број на потрошувачи се жалеле на тоа дека добиле известување за некој заостанат долг, кој е пред 10-тина години и за кој што тие не чуваат сметка како доказ дека го платиле, или не можат да се сетат дали ја платиле таа сметка или не. Во овие случаи на потрошувачите им беше сугерирано да ги погледнат детално предметите и да увидат дали се навремено утужени и дали има уредна достава, со цел да проверат дали нивниот долг е застарен или може да биде наплатен.
Во текот на третиот квартал, односно во јули, август и септември од 2015 година во советодавното биро во Скопје на Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) се извршени 394 советувања од кои 370 општо правни и 24 специјалистички. Од тие, 20 се дадени лично, 276 по пат на телефон, четири писмено преку пошта и 94 по електронски пат преку е-пошта.
Во сите случаи, ОПМ ги информираше потрошувачите околу нивните права и обврски во конкретниот случај и им даде совет како да постапат. Поднесоците доставени до ОПМ беа доставени до надлежните органи со цел нивно решавање.