Граѓаните на БиХ се потсетија на војната

Антивладините протести во Босна и Херцеговина од ден на ден се повеќе ескалираат. Во неколку од големите градови на земјата се развија вистински улични битки, раскажува дописник на „Коммерсант“.

Напади врз полицајци, подметнување пожар, уништување на административни згради, извршени од многу млади лица, се претворија во реплика на корупцијата, масовната невработеност и сиромаштијата во Босна и Херцеговина. И иако протестите се од социјален карактер, некои политичари се обидуваат да го придвижат во друга насока, споредувајќи ги со војната од почетокот на 90-тите.

„Тоа го прават децата кои не виделе војна. Во овие денови Сараево потсетува на 92 -ра година, тогаш во оган беа опфатени многу владини згради“, раскажува жителка на градот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.