Гранада прв полуфиналист во шпанскиот куп

Фудбалерите на Гранада се првите полуфиналисти во годинешниот шпански Куп на кралот, откако во вторникот на свој терен го совладаат со 2:1 бранителот на титулата Валенсија.

Творец на победата на Гранада беше поранешниот напаѓач на Валенсија, Роберто Солдадо, кој ги постугна двата погодока за тимот од Андалузија, првиот во третата минута од мечот, а вториот во четвртата од судиското продолжение од пенал. Израмнувачкиот погодок во првото полувреме за Валенсија во 40 минута го постигна Родриго Морено.

Во средата својот полуфинален дуел ќе го играат Мирандес и Вилјареал, а во четврток се среќаваат Реал Мадрид – Реал Сосиедад и Атлетик Билбао – Барселона.