Граната од рачен фрлач пронајдена во контејнер

Граната и навлака од рачен фрлач, денеска во 12.40 часот се пронајдени во два одделни контејнери во Чаир, на улица Вуковарска.

Во врска со настанот, полицијата го привела лицето  М.Ѓ (68) од Скопје.
Увидна екипа е излезена на терен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Засега нема повеќе информации.