Гранде Горан со срце за своите во Струмица

Македонскиот репрезентативец ветеран Горан Пандев, донирал значителни средства за болницата во Струмица, во борбата против КОВИД19.

Не е познато за тежината на донацијата, но евидентно дека Горан Пандев тоа го направил во тишина, далеку зад очите на јавноста, што е сигурно нешто кое мора да се почитува.

Веста за донацијата на Пандев ја пренесе медиумот „Дрнка“, а информацијата е потврдена од докторот на струмичката болница.

Претходно Пандев заедно со дел од репрезентацијата, донираа значителни средства во Фондот за здравство во висина од 30.000 евра.

Ваквиот пример треба да го следат сите домашни спортисти кои се добростоечки и можат да помогнат во најтешките времиња за нашата земја.