
Гранична полиција и општински комунални редари воведуваат ред во Дојран откако викендов пристигнале околу 12.000 посетители. Според градоначалникот Ангов 80 отсто од капацитетите се полни, но разочарувачки е што туристите се однесуваат неодговорно. Се групираат и не носат заштитни маски.
Во меѓувреме во Струмица се мери температура и се делат маски на трите влеза во градот. Превентивната акција ја спроведуваат Црвен крст, СВР Струмица и Дирекцијата за заштита и спасување.
Акциите ќе продолжат и во текот на наредните денови.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.