Грчева: Ако на овој начин се избира претседател на Собрание и Влада таа нема да биде реформска

Ако на овој начин се избира претседател на Собрание и ако на ваков начин се избере Влада, таа нема да е реформска, туку најмногу Револуционерен Совет (можеби и со право на прек суд), пишува во својот ФБ статус Солза Грчева.

Таа натаму вели дека инаку не знам што бара Хојт Ји кај Иванов. Никој изгледа не му кажал дека вчера, на скалите од мојата зграда, моите комшии ме избраа за Претседател на РМ. Имам слики, маж ми ми подари цвеќе, направивме свечен ручек и се така по Устав, закон и деловник на куќниот совет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.