Грчката полиција ја истражува смртта на бебе од Сирија со знаци на сексуална злоупотреба

28

Грчката полиција отвори истрага за смртта на 11-месечно бебе од Сирија, кое вчера со енцефалитис било примено во една од детските болници во Атина, а според лекарот од судска медицина има знаци на сексуална злоупотреба, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопшти грчката полиција веднаш биле приведени родителите на бебето кои живеат во изнајмен стан во рамките на програмата за прием на бегалци, но и уште еден пар, исто така од Сирија кои престојувале во истиот стан.

Според грчките медиуми, денеска била спроведена нова обдукција на телото, а според лекарот од судска медицина, било потврдено дека има јасни знаци на сексуална злоупотреба, а причините за смртта се неодредени.

Бебето, со брза помош вчера наутро, било примено во болницата.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.