Грчката полиција заплени повеќе од 600 килограми марихуана од Албанија

Во две одвоени акции, грчката полиција заплени повеќе од 600 килограми марихуана од Албанија. Едната од акциите се случила синоќа во близина на грчко-албанскиот граничен премин Ќаф-Бота каде се запленети 302 килограми марихуана, спакувани во 251 пакет.

Дрогата била најдена во камион ладилник, управуван од 38 годишен грчки државјанин.

Втората акција се случил во неделата, на патниот правец Какавија- Јанина, кога биле запленети 300 килограми марихуана во автомобил со кој управувал албански државјанин.

Во текот на минатата вечер, албанската полиција, пак, заплени 20 килограми марихуана на патниот правец Тепелена-Ѓирокастро, која била скриена во автомобил 31 годишен албанец.