Грчката претседателка Сакеларопулу во официјална посета на Србија

На покана на српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу од денеска до среда е во официјална посета на Србија.

Со српскиот претседател, во Белград, минатата седмица се сретна министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас.