Грчките спасувачи трагаат по двајцата пилоти на борбениот авион од моделот „F-4“ кој во понеделникот се урна во Јонското Море во западна Грција, јави државната телевизија.
Авионот, кој бил на тренажен лет, се урнал на 25 наутички милји (46 километри) јужно од аеродромот Андравида на полуостровот Пелопонез.
Медиумите објавија дека двајца пилоти се катапултирале од леталото, но властите не можат да ја потврдат оваа информација. Грција првпат набави борбени авиони „Phantom – F-4“ од американско производство во 1974 година.