Грчки полицаец со службеното оружје извршил 11 кражби во Атина

Рано утрово, откако извршил кражби на две бензински пумпи и одзел вкупно 690 евра, бил уапсен грчки полицаец, кој со службеното оружје стои зад девет други грабежи, во текот на декември минатата година, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштуваат од грчката полиција, 29 годишниот полицаец стои зад вкупно 11 кражби, од кои 10 на бензински пумпи и еден на трафика, во четири различни атински населби.

Најголем број од грабежите ги извршил во текот на декември мината година, кога од осум бензински и една трафика одзел вкупно 4400 евра.

Полицаецот, ќе одговара за кражби и прекршување на законот за оружје, ќе биде изведен пред јавен обвинител и е привремено отстранет од службата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.