Грчки ракети се распоредуваат во Саудиска Арабија

Според „Екатемирини“, Атина и Ријад, наводно, се согласиле за распоредување на против-воздушни ракети „патриот“ на грчките сили во Саудиска Арабија. Техничките детали кои се однесуваат на транспортот на ракетите, нивното распоредување, цената и оперативната одговорност останува да бидат утврдени во заклучокот на договорот.

Овој договор следи откако министрите за надворешни работи на Грција и Саудиска Арабија се договориле за зајакнување на воздушната одбрана. Сето ова се гледа како притисок на Вашингтон врз Атина за грчко присуство во Персискиот Залив. Грција двапати одговорила негативно на претходните американски барања за испраќање фрегата за влез во поморските сили во регионот под водство на САД.

Грчките власти забележуваат дека договорот меѓу Атина и Ријад претходи на кризата помеѓу Вашингтон и Техеран во врска со атентатот на иранскиот генерал Касем Сулејмани од страна на американската војска.

Во исто време, „Тајмс Израел“ соопшти дека противразузнавачката единица на вооружените сили на земјата за прв пат ја вклучила Турција во списокот на земји што се сметаат за закана за безбедноста на Израел. Меѓутоа исто така се наведува дека ваквите мерки не се однесуваат на специфична закана од Турција, туку на политиките на нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган и блиските односи на владејачката АКП со Муслиманското братство.