Грчки владини извори: Најстрого можно чување на морските и копнените граници на Грција

По случувањата во Идлиб, Грција е во постојан контакт со Европската унија и НАТО и во максимална можна мера, го направи построго чувањето на копнените и водените граници, брифираат грчки владини извори, јави дописничката на МИА од Атина.

Според турските и светските медиуми, Турција нема повеќе да ги спречува сириските бегалци кои се обидуваат преку море и копно да стигнат до Европа.

На ова движење на бегалците и мигрантите кон Европа, Грција е прва на удар, како преку границата на Турција кај Еврос, така и преку островите во североисточниот дел на Егејското Море.

Грчките медиуми објавија дека во тек е состанок во Министерството одбрана на Грција, началникот на Генералштабот на армијата ќе замине за Еврос, а министерот за поморство ќе оди на Лезбос.