Грчките граници остануваат затворени за соседните земји до средината на август

Прекинот на воздушните и морските поврзувања на Грција со Македонија, Албанија и Турција, како и одлуката што се однесува на копнените граници се продолжуваат до 15-ти август 2020 година, соопшти попладнево заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас,

Како што претходно бепе објавено, во петокот истекуваше одлуката од 15-ти јули за привременото ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Македонија, Албанија и Турција, која сега е продолжена за уште 15 дена.