Грчките острови на тотална распродажба

Цените на недвижнините на грчките острови значајно се намалија во последните години, создавајќи одлична прилика за инвестирање, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Просечната цена на куќите на популарните островски дестинации е намалена за 33 отсто во однос на 2008-ма година, додека цените на големите имоти и луксузни домови паднале за 40 до 50 отсто, наведуваат агентите за продажба на недвижен имот во Грција.

Претседателот на Грчката федерација на агенти за недвижнини, Јанис Ревитис, рекол дека просечните цени во еврата за квадратен метар на островот Миконос е 3.000 евра, во однос на 4.500 евра од 2008-ма година, на Санторини 3.300 евра, во однос на претходните 5.000, Парос за 2.000 евра во однос на претходните 3.000 евра…

Најголем дел од инвеститорите се заинтересирани да купуваат земјиште за идна изградба на хотели и одморалишта.
„Денес 80 отсто од купувачите се странци, а само 20 отсто Грци. На странските државјани им е интересна можноста да добијат дозвола за престој доколку во Грција вложат повеќе од 250 илјади евра“, вели Ревитис.