Грчките стратези со поддршка за СДСМ за спас на Преспанскиот договор

Грците се крстат во Зоран Заев и СДСМ и им даваат бланко поддршка за победа на изборите. Ова е најконцизната констатација изведена од новите написи во грчките медиуми, каде со сите можни епитети и без заддршка се фали Заев и неговата улога во капитулантскиот Преспански договор.

„Во Македонија следната недела, по тримесечно одлагање заради пандемијата на Ковид-19, ќе се одржат клучни избори, кои ќе покажат дали балканската земја ќе продолжи на својот евроатлантски пат, што беше отворен со Договорот од Преспа, или ќе се врати кон неизвесноста, што би ги загрозило перспективите на граѓаните, но и односите со Грција, се оценува во коментар електронското издание на атинскиот провладин весник „Катимерини“, пренесува МИА која поради истиот договор ќе стане НИА.

– Односите меѓу Атина и Скопје многу се подобрија од потпишувањето на Договорот за името во 2018 година. Поранешниот премиер Зоран Заев имаше „храброст“ да се согласи на компромис што донесе значителни придобивки за С. Македонија. Спротивно на ова, опозицијата постојано говори против Договорот од Преспа, што ги загрозува повеќекратните придобивки на земјата. Секако, од граѓаните ќе зависи да решат во која насока сакаат да одат и кои ќе бидат приоритетите на нивната земја, наведува весникот.

„Катимерини“ оценува дека наводно Грција би сакала да продолжи со поддршката на евроатлантскиот пат на земјата и на нејзините институционални реформи, при што се нуди себеси како важен трговски партнер, под услов Договорот со Преспа да биде поддржан и од новата Влада во Скопје, која би имала активен однос во решавање на големиот број долготрајни разлики.

Според весникот, „соседите треба да сфатат“ дека ваквиот став е стратешки избор на грчката страна, која во исто време ги очекува преговорите за членство, кои ќе содржат обврзувачки договори за низа прашања, како што е употребата на трговските марки.

– Во услови кога С. Македонија оди на избори на 15 јули, можеме само да се надеваме дека гласачите ќе ја избираат евроатлантска иднина и ќе го задржат курсот на институционални реформи, економски просперитет и регионални партнерства и дека нема да ги загрозат досегашните придобивки, туку дополнително ќе го зајакнуваат позитивниот пристап на сојузниците и партнерите од последните неколку години, кои ја оценуваат како фактор на стабилност на Балканот, заклучува аналитичарот и автор на коментарот во „Катимерини“, кој очебијно се плаши опд промена на власта кај северниот сосед кој е дел од Западниот Балкан кој спаѓа во Југоисточна Европа…