Грција ја одложи приватизацијата поради ниските цени

Грција со приватизацијата на државната сопственост годинава ќе собере само делче од зацртаните приходи, имајќи предви дека падот на цените под влијание на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот ја принуди на одложување на планираните продажби на стратешките сектори.

Владата во Атина годианва очекуваше приходи од приватизацијата меѓу 350 и 400 милиони евра, изјави во средата челникот на државната генција за приватизација Арис Ксенофос, што е значително помалку од очекуваните 2,4 милијарди евра.

Приватизацијата на државната сопственост и големите стратешки оператори којашто Грција не ја изврши и како членка на ЕУ, е важна за земјата којашто во три наврата доби меѓународна финансиска помош од речиси 200 милијарди евра за да го избегне банкротот и во 2018 година објави излегување од речиси децениската криза и враќање на меѓународните финансиски пазари. Продажбата на државните компании беше еден од условите на меѓународните доверители ММФ и ЕУ, а со тоа Атина се обидува да привлече вложувања за повторно да ја придвижи својата економија и да го намали јавниот долг, кој сѐ уште е еден од највисоките во еврозоната.

До крајот на годинава, како што е планирано, грчката влада би требало да склучи договор во износ од 300 милиони евра за издавање под закуп на поранешниот атински арродром во рамките на проектот „Хеленикон“. Одложени, пак, се тендерите за три проекта за да се избегнат пониски процени на вредноста на имотот, поради пазарните неизвесности и забаввуањето на глобаната економија предизвикана и со ткн коронакризата.

Пред пандемијата грчката влада се надеваше на обврзувачки понуди за 30-процениот удел во најголемиот аеродром, за целосна контрола над дистрибутивната гасоводна мрежа „DEPA Infrastructure“ и за мнозинскиот удел во снабдувачот со гас  DEPA Commercial“.

„Во моментов постои пазарен ризик кој неизбежно би се одразил и на понудите кои би ги добиле. Нема од ниенда причина да итаме во потези кои би ни донеле многу пониски цени за понудените недвижнини на што целиме“, појасни Ксенофос, додавајќи ги на тоа и влијанието на мерките за спречување на заразата со одржување на физичкото растојание на посетите на локациите и состаноците.

Конкретната временска рамка за поднесување на понудите за проект за аеродромот не е одреден, истакнува Ксенофос, појаснувајќи дека неговата агенција ја анализира ситауцијата секој месец. Во потесниот избор влезени се девет инвеститори, а поднесување на конечните понуди се очекува во вториот квартал. Ист број инвеститори покажаче интерес и за „DEPA Infrastructure“ и за „DEPA Commercial“. Агенцијата до јуни ќе објави кои инвестироти ќе влезат во вториот круг.

„Заинтересираните инвеститори и натаму имаат голем интерес… за целиот понуден имот… Ќе го продолжиме процесот за ситуацијата да се врати во нормалата“, додава Ксенофос.

Поради рестриктивните мерки воведени за запирање на ширењето на коронавирусот, како откажување на воздухопловните линии и замрзнување на економските активноси, Грција очекува пад на брутодомашниот производ (БДП) за 4,7 до 8,9 осто. Пред пандемијата, пак, се предвидуваше силен раст.