Грција ја продолжи забраната за влез во државата до 8 ноември

47

Грција ја продолжи до 8 ноември одлуката за привремено ограничување на копнените граници со Македонија, Албанија и на Турција, како и за забраната за влез на државјани на трети земји.

Станува збор за министерска одлука како превентива од коронавирусот што во изминатите месеци се продолжуваше на секои 14 дена.

Последните денови нагло се влоши ситуацијата со пандемијата и дневно има речиси по илјада заразани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.