Грција барa од САД борбени авиони Ф-35

Грција потпиша и испрати барање до САД за набавка на американски борбени авиони Ф-35, што е прв чекор од долгиот и планиран процес, брифирале грчки владини извори за грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите во медиумите во Грција земјата планира да набави 20 авиони во првата фаза, со можност за уште дополнителни 20 во иднина.

Министерот за одбрана на Грција, Никос Панајотпулос, пред еден месец соопшти дека веднаш ќе се почне со процесот за набавка на американски воени авиони Ф-35, а самата набавка ја најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговата посета на САД кон средината на мај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.