Грција ќе ги намалува даноците

„Намалувањето на даноците ќе го поттикне растот и ќе биде „клучен приоритет“, рече грчкиот министер за финансии Христ Стајкурас во интервју за „Фајненшал тајмс“.

Според него, пониските даноци се клучни за структурните реформи што владата сака да ги спроведе, порано од подоцна. Намалувањето ќе биде за данокот на добивка, за корпоративниот данок и за ДДВ. Некои специјални даноци наметнати за време на години на штедење ќе бидат постепено намалувани.

„Нашата цел е брзо да спроведеме кохерентен и реален, но сеопфатен економски план“, рече Стајкурас. „Треба да ја вратиме економијата во нагорна линија на живот“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.