Грција ќе ги тестира на коронавирус сите што доаѓаат од ризични аеродроми

153
May 8, 2020. REUTERS/James Pearson

Грчките власти сопштија дека кога ќе ги отворат аеродромите во земјата за туристичкиот сообраќај на 15-ти јуни, на коронавирусот ќе бидат тестирани сити кои пристигнуваат од аеродромите кои Агенциајта на Европската унија за воздухипловна безбедност (EASA) ги прогласи за високоризчни.

Споменатата агенција на ЕУ редовно ги ажурира листите на аеродроми кои се наоѓаат во подрачјата со висок ризик на пренесување на заразата со коронавирусот, мешу кои е и 13 аеродроми од Велика Британија, сите во 22 сојузни американски држави и сите кои се наоѓаат во областа која го опкружува Париз, Ил-де-Франс.

„Ако доаѓате од аеродром кој се наоѓа на листата на EASA како висикоризичен, тогаш ќе бидете тестиран при влегувањето. Ако тестот е негативен, патникот ќе мора да оди во седумдневна изолација. Ако тестот е позитивен, патникот ќе оди во карантин под надзор на 14 дена“, соопшто во саботата министерството за надворешни работи, додавајќи дека, исто така, ќе се применува и ограничувањето на движењето.

Патниците кои ќе доаѓаат од другите подрачја на доаѓањето ќе бидат тестирани по случаен избор.

Грција во петокот ја објави првата листа со 29 земји ко се сметаат за безбедни, а таа ќе биде ажурирана пред 1-ви јули, зависно од развојот на ситуацијата.

Земјата којашто се спаси од банкрот и некако исплива од децениската должничка криза кон крајот од 2018 година, силно се потпира на туризмот во обидот на економско закрепнување. Грчката економија оваа година се очекува дека ќе падне до 10 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.