Грција ги затвора границите за српските туристи

Грција утре ги затвора границите за српските државјани, поради состојбата во Србија. Ваквата одлука доаѓа откако се утврдило дека многу туристи се позитивни на корона вирусот.

Српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации, Расим Љајиќ информираше дека Грција од утре во 06 часот ги затвора границите за српските државјани

„Одлуката е донесена поради епидемиолошката состојба во Србија и големиот број српски државјани кои имале позитивни тестови на Covid-19 во Грција“, рече Љајиќ.

На оние српски државјани кои се веќе на одмор во Грција ќе им биде дозволено да останат до крај.

Српските туристи во Грција влегуваа од Бугарија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.