Грција го доби првиот геј во владата, се надева дека ќе помогне во борбата против хомофобијата

Новоименуваниот прв деклариран хомосексаулец во влада на Грција, Николас Јатроманолакис, изјви дека во јавниот живот се среќава со хомофобијата, но дека неговото именување ан ЛГБТ+ лицата би можело да им ја олесни борбата против дискриминацијата.

Четириесет ипетгодишниот Николас Јатроманолакис е именуван за заменик на министерот за современа култура во минатонеделната реконструкција на владата на конзервативниот премиер Киријакос Мицотакис.

Во разговорот за Reuters Јатроманолакис вели дека честопати бил обесхрабруван да преземе некоја функција или друга истакната функција поради својот „профил“, а некои му кажувале дека во најдобар случај може да очекува советодавни функции.

„Сите ЛГБТ лица во некој момент во животот работеле во опкружувања во кои немале поддршка или разбирање за она што се“, вели Јатроманолакис.

Во разговорот се потсетува дека своевремено во телевизиска емисија во живо му било кажано „молчи, душо“ и дека во своето јавно дејствување често бил изложен на „потсмешливи погледи“.

„Тоа не смее да ве мачи бидејќи тоа е важно и мора да го сторите тоа за што верувате дека е исправни“, истакнува Гркот и додава дека често го претставуваат како ЛГБТ+ активист кога зборува за правата на хомосексуалците.

Јатроманолакис вели дека ќе разговара за ЛГБТ+ прашањата со колегите во владата во кои седат оние кои пред пет години гласаа против законот за животно партнерство на хомосексуалците.

Истакнува дека не му е тешко да биде во иста влада со министерот за внатрешни работи Макис Воридис кој се спротистави на геј-браковите и додава дека е сигурен оти премиерот Мицотакис ги поддржува ЛГБТ+ правата.

Министерот Воридис своевремено изјави дека ги поддржува геј-лицата и покрај неговиот глас со кој во 2015 година се спротистави на усвојувањето на законот.

Самиот грчки премиер Мицотакис, чиј главен економски советник исто така е хомосексуалец, како опозициски пратеник го поддржа законот за животно партнерство и покрај противењето на значителен дека од неговата традиционално конзервативна партија Нова демократија, како и влијателната Грчка црква.

Споменатиот закон се смета за голем напредок за ЛГБТ+ правата во Грција, хомосексуалците и натаму не можат да склучуваат брак и да посвојуваат деца.