Грција и Турција започнаа преговори за барањето гас во Егејот

Грција и Турција започнаа во понеделникот, по петгодишен прекин, разговори за истражувањата на присуство на јаглеводороди во источните води на Егејското Море во настојувањата по сериозната криза да го решат спорот кој ги обременува односите меѓу двете земји членки на НАТО.

Заменикот на турскиот министер за надворешни работи Сеат Онал ја примил делегацијата на грчките дипломи во дворецот Долмабахче во Истанбул, пренесуваат медиумите повикувајќи се на турски владини избори.

Преговорите за истражувањето во источен Медитеран беа прекинати во 2016 година поради зголемувањето на тензиите. Судирот околу природниот гас со месеци наназад тлее меѓу двете соседни земји, кои се сојузнички во НАТО и во кој се инволвираа и други земји членки, како и е Европската унија. Минатата година конфликтот речиси и воено ексалираше.

Членката на ЕУ, Грција ја обвинува Турција за експлоатација на прородниот гас во морските области, каде што според меѓународното поморско право, ресурсите смее да ги експлоатира само грчката страна.

Преговорите за оваа тема меѓу Анкара и Атина првпат се одржаа во февраури 2002 година. Вообичаено, ниедна од страните официјално не го открива моменталниот статус и развојот на преговорите, а допрва од соопштенијата треба да се види колку биле плодни.

Досега двете страни во спорот не успеаја ниту да се согласат за што точно сакаат да разговараат.

Според Анкара, според сите спорни прашања треба да се изнесат на масата, вклучително и подморските територии и Ексклузивниот економски појас во Егејското Море, како и демилитаризација на грчките острови кои се многу блиску до турскиот брег и разликите во поглед на проширувањто на воздушниот простор.

Атина, пак, спротивно сака да разговара за спорот со истражувањето на јаглеводородите и разграничување на континенталниот појас.

И покрај разликите, ЕУ го поздрави обновувањето на дијалогот како „позитивен сигнал“ за односите меѓу Анкара и Брисел по повеќемесечните напнати односни. Во декември челниците на ЕУ на самитот во Брисел одлучија да ги „казнат противзаконските агресивни“ активности на Турција против Грција и Кипар. Самитот тогаш донесе низа поединечни санкции против челниците вклучени во активностите на истражување во морето кои ги спроведува Турција.