Грција испрати дописи до ОН и Советот за безбедност за Меморандумот меѓу Турција и Либија

35

Министерството за надворешни работи на Грција синоќа испрати дописи до Генералниот сектретар на Обединетите нации и до Претседателот на Советот за безбедност во кои се објаснети грчките позиции и правните аргументи поврзани со морското право во однос на Договорот Турција – Либија, јави дописничката на МИА од Атина.

Заменик министерот под премиерот и портпаролн на грчката влада, Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека во првиот допис, до Советот за безбедност објаснети се аргументите дека не постои заедничката морска граница меѓу Либија и Турција, но и дека Договорот не ги зема во предвид грчките острови и правото да имаат морски зони.

-Во писмото до Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, поставени се истите аргументи и се бара, поради непвалидност, да не се регистрира во Обединетите нации и да не се објави во секторот за океански прашања и морското право н ОН, рече Пецас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.