Грција конечно го доби првиот крематориум

Во Грција конечно е отворен првиот крематориум, по децениите спротиставување на влијателната Грчка православна црква, која верува дека кремирањето е непочитување на покојникот и телото.

Крематориум во Рицона, кај Виотиа, 80 километри северно од Атина, ги изгради приватна компанија за четири милиони евра. Лиценцирана е во летото 2018 година и промовирана на 30-ти септември годинава, е приватен проект во кој 70 отсто од сопственоста го има фирмата „ Crem Services SA“, а 30 отсто му припаѓаат на невладиното Грчко здружение за кремирање (GCS).

Петнаесет години откако беа легилизирани кремирањата во Грција веќе има изведено околу 30 кремации, бидејќи крематориумот започна со работа уште пред службеното претставвуање на јавноста. Сите претходно обиди на локалните власти ширум грција да се изгради нешто слично, вклучително и во Атина и во Солун, пропаднаа поради противењето на Црквата.

„Ова што го гледате тука е резултат на напорите кои почнаа уште во 1996 година“, изјави за новинарите Антонис Алакоитис, член на управниот одбор на крематориумот во Рицона.

Иако кремирањето во Грција е озаконето во 2006 година, постапките не можеа да се изведуваат поради жестокото противење на Православната црква. Во 2012 година локалниот епископ го блокираше планот за градење крематориум во гратчето Маркопулу, близу Атина. Пред пет години Црквата формално ги забрани верските обреди за покојниците кои се кремираат.

„Црквата не прифаќа спалување на телото, бидејќи тоа е храм на Светиот Дух. Секој кој ќе изрази намера да се кремира го потврдува своето одвојување од Црквата и поради тоа нема право на верски обред“, беше соопштено тогаш.

За Грците досега најблизок крематориум беше во Бугарија.