Грција купи 18 француски борбени авиони

Грција во понеделникот потпиша договор за купување 18 борбени авиони од типот „Rafale“ од Франција, со што ги потврдува партнерството со Париз во атмосфера на тензични односи со Турција, пренесува агенцијата AFP.

Износот на трансакцијата изнесува околу 2,5 милијарди евра и вклучува испорака на 12 користени авиони „Rafale“ од француското воено воздухопловство, и шест нови авиони од истиот тип кој го произведува „Dassault Aviation“, како и логистичка поддршка и соодветно вооружување.

Повикувајќи се на многу интензивно оперативното партнерство со Атина, француската министерка за одбрана Флоренс Парли заминала во Атина на свечено потпишување на договорот и го поздрави „важниот успех“ за „Rafale“.

Одлуката за преговорите во септември ја донесе грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, реагирајќи на турските истражувања на јаглевороди и гас и демонстрирањето на сила во спорните води на источен Медитеран.

Последните месеци Франција застана покрај Грција и во текот на летото испрати токму авиони „Rafale“ и воени бродови по распоредувањето турските воени и истражувачки бродови во областа на кои Грција полага право. Челниците на Европската унија турските потези во декември ги нарекоа „илегални и агресивни“.

Испораката на борбените авиони „Rafale“ би требало да започне во јули. „Првите пилоти и техничари на грчкото воено воздухопловство следните денови ќе заминат на обука во Франција“, изјави портпаролот на грчката влада Христос Тарантилис.