Грција негира дека почнува преговори со Турција по покровителство на НАТО

© AFP 2018 / Emmanuel Dunand

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Грција и Турција се согласиле да започнат „технички преговори“ за да се намали ризикот од воени инциденти на истокот на Средоземното море. Во изјавата објавена на веб-страницата на НАТО, Столтенберг наведува дека разговарал со лидерите на Турција и Грција, две членки на алијансата, кои се расправаат околу правото да истражуваат наоѓалишта на нафта и гас во таа област.

Сепак, грчки официјален претставник веднаш негираше дека е постигнат договор, велејќи дека Турција мора прво да ги повлече воените бродови од областа во источниот дел на Средоземното море, каде што вршат спорни истражувања за депозитите на енергија.

Турција вчера објави дека Русија ќе одржи воени вежби на истокот на Средоземното море од 8 до 22 септември и од 17 до 25 септември во областа каде што турските бродови го истражуваат местото. Нејасно е зошто Турција, членка на НАТО, би објавила вежби со Москва, иако двете земји значително ги зајакнаа воените, политичките и економските врски во последните неколку години.