Грција незадоволна од американското губење интерес за гасоводот EastMed

Соединетите држави повеќе не го поддржуваат градењето на гасоводот EastMed, бидејќи интересот на Вашингтон се префрла на обновливите извори на енергија, се наведува во соопштението на Стејт департментот, а според оцената на грчките медиуми овој потег оди во позла на Турција, пишува порталот euractiv.com.

Американците наведуваат дека „го префрлаат фокусот врз електроенергетските конекции кои можат да поддржат и гас и обновливи извори на енергија“, како што е подморскиот интерконектор за електрична енергија EuroAfrica од Египет до Крит и грчкото копно, како и предложениот интерконектор EuroAsia за поврзување на изралеската, кипарска и европската електрична мрежа.

„Таквите проекти не само што би ги поврзале виталните енергетски пазари, туку исто така би помогнале да се подготви регионот за транзиција на чистата енергија“, наведуваат од американскиот Стејт департмент.

Кипар, Грција и Израле потпишаа во јануари 2020 година договор за изградба на источномедитерансккот гасовод EastMed, кој се смета за проект од заеднички интерес на енергетската ифнраструктура во Европа. Самото потпишување на договорот своевремено беше претставено како „историско“.

Проектираниот капацитет на гасоводот е меѓу 9 и 12 милијарди кубни метри гас годишно, за енергенсот до подморските наоѓалиште меѓу Израел и Кипар кој би се доставувал во Грција а потоа во Италија и другите земји во југоисточна Европа.

Неколку грчки весници коментираа дека потегот на американскиот претседател Џо Бајден претставува „политичко намигнување на Турција“, која од почетокот се спритиставуваше на договорот за гасоводот EastMed.

„Секој договор кој ги заобиколува Турција, којашто има најдолг брег во источен Медитеран, и кипарските Турци, кои имаат подеднакви права над природните ресусрси на островот Кипар, не може да има успех. На тие факти го свртуваме вниманието на меѓународната заедница“, соопшти турското министерство за надворешни работи кога беше потпишан договорот за EastMed.

Грчката телевизија TV OPEN извести дека Американците сметаат дека EastMed предизвикал тензии и поради тоа сакаат релевантите играчи да се насочат на други проекти коишто би донеле политичка стабилност во многу политички трусниот регион. Во прилогот се додава и дека САД се заинтересирани за продажба на сопствениот течен природен гас (LNG) и оти можеби затоа не сакаат да спонзорираат конкурентски гасовод.

 

Реакциите на Европа

Европската комисија требаше до крајот на 2021 година да ја објави студијата којашто ја истражува комерцијалната и економската изводливост на EastMed. Кон крајот на октомври, неименуван функционер на Европската комисија за Reuters, изјави дека овој гасовод е „сложен проект“ и дека за да би можело да се утврди неговата комерцијална одржливост, процената мора да ги одразува целите на ЕУ за декарбонизацција и идната побараувачка на гасот.

„Анализата на Комисијата од процената на влијанието врз климатските цели покажува дека непрекинатото употребување на природниот гас не е компатибално со долгорочните цели за декарбонизација“ на Европската унија, рече тогаш соговорникот на агенцијата.

Појасни дека, иако Брисел ја гледа улогатра на природниот гас како транзициско гориво, главниот фокус на поддршката од буџетот на ЕУ ќе биде на вложувањата во климатски неутралните енергетски решенија, вклучително и декарбонизираните гасови како што е водородот.

„Гасовите со низок удел на јаглерод, како што се водородот, биогасот и синтетскиот гас, би требало постепено да го заменат природниот гас. Она што ќе биде клучни за инфраструктурата којашто ја имаме или во којашто вложувањем е де биде подготвена да ги поддржат овие нови енергенси“, велат од ЕК.

Втор извор од Комисијата, упатен во ова прашање, сега вели дека европскиот енергетски микс значително ќе се промени во контекстот на целат на климатската неутралност до 2050 година.

„Потрошувачката на природен гас ќе биде намалена за 66 до 71 огсто, а побарувачката на обновливи гасови и гасови со низок удел на јаглерод, особено биогасот, водородот и синтетскиот гас, ќе се зголеми за околу двојна побарувачка на природниот гас“, вели изворот.