Грција поради банкротот на ‘Thomas Cook’ очекува загуба до 500 милиони евра

Банкротот на британскиот туристички гигант „Thomas Cook“ претставува најтежок удар за Грција од финанската криза од 2008 година и би можел на туристичкиот сектор да му предизвика загуба и до 500 милиони евра, предупредуваат во вторникот тамошните медиуми.

Грција го заземаше третото место на листата на најпопуларните дестинации на „Thomas Cook“, пишува деловниот дневен весник Naftemporiki, потсетувајќи дека британската компанија минатата 2018 година во земјата довела 2,8 милиони туристи. Покрај тоа, „Thomas Cook“ во Грција управуваше со четири хотели во кои беа вработени вкупно 640 луѓе. Нивната иднина сега е неизвесна.

Во грчката туристичка организација SETE проценуваат дека загубити поврзани со банкротирањето на британската компанија би можеле да изнесуваат меѓу 250 и 500 милиони евра. Во здружението на грчките хотелиери GTP, пак, загубата ја проценуваат на 300 милиони евра.

Грција во 2010 година влезе во длабока финансиски краза и беше пред банкрот, па беше принудена да спроведе тешки реформи за да добие три пакета меѓународна финансиска помош од неколку стотици милијарди евра. Последниот пакет беше затворен пред малку помалку од едена година.

Во изминатите две години, според показателите, грчката економија закрепнала, а главната поддршка доаѓала токму од туризмот. Уделот на туризмот во грчкиот бруто домашен производ (БДП) изнесува 23 отсто.